Викендов убава шанса за љубителите на одбојката да видат интересни натпревари на квалитетни екипи. Имено по повод 75- години ОК Вардар, гости на славеникот, на еден од нашите најголеми одбојкарски брендови, ќе бидат екипите на Партизан од Белград и Струмица.
Натпреварите се играат утре и задутре во салата “Борис Трајковски“. Треба да се каже дека на овој јубилеј на ОК Вардар, требаше да гостува и екипата на Будва, но поради проблеми со позитивни на Ковид, екипата од Црна Гора мораше да го откаже ова гостување.
Се очекуваат вистински одбојкарски возбудувања во “Борис Трајковски“.