• Fri. Nov 22nd, 2024

Чудни феномени и заблуди на нашиот мозок

Нашиот мозок е фасцинантен, но некои тајни во врска со него засекогаш ќе останат мистерија. Науката можеби ќе може да ги опише чудните феномени на мозокот, но никогаш не ќе може да ги објасни до крај. Научниците велат дека употребуваме многу мал процент од мозокот – некаде околу 8 или 9 отсто. Што е со останатото? Еве неколку чудни феномени во мозокот.

Веќе видено (Déjà vu)
Déjà vu е феномен кој ви се случува кога сте сигурни дека веќе сте ја проживеале или виделе некоја ситуација порано. Се чуствувате како нешто што веќе се случило сега да ви се повторува. Се чуствувате чудно, не сте сигурни дали сте го сонувале тоа или навистина ви се случило.

Веќе преживеано (Déjà Vécu)
Déjà vécu е тоа што луѓето го проживуваат кога ќе им се случи Déjà vu. Тоа е доживување на веќе видено, но со силни чуства пропратени со мириси и звуци. Често се јавува и чуството дека знаеме да предвидиме што следно ќе се случи. Ги препознаваме деталите и чуството е силно и необично, како визија која ни се причинува во главата.

Веќе посетено (Déjà visité)
Можеби ви се случило да го знаете патот до одредено место или одлично се снаоѓате во град во кој сте за прв пат. Nathaniel Hawthorne го запишал своето лично искуство во книгата “Our Old Home” во која ја опишува посетата на некој стар дворец во кој ги знаел сите патишта во околината на дворецот како и собите во самиот дворец, иако никогаш не бил таму.

Веќе почуствувано (Déjà senti)
Феноменот кој ви создава впечаток дека сте рекле нешто, а тогаш сваќате дека не сте изговориле ни збор. Ви се причинува дека се слушате самите себе како велите нешто. Но, после минута или две, констатирате дека не сте кажале ништо.

Духовитоста на скалилото (Lesprit de lescalier)
Сигурно ви се случило да се сетите на некое паметно решениe на проблемот што ве мачи, но предоцна. Некој ве увредил и вие во тој момент сте останале без зборови. Кога вашиот напаѓач веќе отишол, одненадеж во главата ви светнува генијален одговор, но за жал предоцна. Овој феномен е обично пропратен со силни чуства на кривица и жалење.

Капграс илузија – илузија на негативен двојник (Capgras delusion)
Овој феномен е значаен по тоа што личноста мисли дека одреден член на семејството или близок пријател е заменет со лажливец со идентичен изглед. Тоа е поврзано со старото верување за украдени или заменети деца во породилиште или вонземјани кои го замениле телото на одередена личност. Оваа појава најчесто е поврзувана со луѓе кои патат од шизофренија, но може да се појави и кај други личности.

By

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *