Членовите на Вокално инструменталниот состав „Стихири“ го посетија викарниот Епископ Стобиски г. Јаков во манастирот во Ново Село. На средбата присуствуваше и градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов.
Децата го прошетаа манастирскиот комплекс, црквата и параклисот и се запознаа со братството на манастирот.
На оваа средба не изостана она, што ,,Стихири” најдобро го прават – музиката и песната.