МВР извести дека во ОВР Валандово било пријавено дека на регионалниот пат кај село Марвинци, се случила сообраќајна несреќа помеѓу две возила „пасат“ управувано од Д.Ј.(43) од Куманово, а другото со српски национални ознаки, управувано од В.А.(52) од Република Србија.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничка во возилото со кумановски ознаки, Л.Ј.(62) од село Отошница, општина Ранковце, констатирани во Општа болница Гевгелија, додека две сопатнички од другото возило, С.А.(50) и малолетничка, двете од Република Србија се здобиле со телесни повреди.
Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Валандово.