• Fri. Nov 22nd, 2024

Четвртфинале за одбојкарките од Видое Подгoрец од Струмица на Светското првенство во Хрватска

Одбојкарките на ООУ „Видое Подгорец“ од Струмица се на чекор да испишат историја и да се пласираат  меѓу четирите најдобри екипи во одбојка за основни училишта. Пречка ќе бидат училишниот тим од Кина која е светска одбојакрска сила. Струмичанки до четвртиналето стасаа откако славеа победа од 2:1 во сетови над училишната екипа од Баку, Азербејџан во третиот натпревар на Светското првенство во одбојка за основни училишта во Пореч, Хрватска. Со  скор од две победи и еден пораз тие го освоија  второто место во групата Ц и се пласираа во четвртфиналето каде треба силите да ги одмерат со најдборито тим од групата А кинески Тајпеј

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *