• Sat. Nov 23rd, 2024

Честитки за Денот на Армијата од градоначалникот Костадинов: „Нашата армија е наша гордост“

ByЃ. K.

Aug 18, 2023

Градоначалникот на Општина Струмица, Костадин Костадинов, упати честитка до припадниците на Армијата за 31. роденден на Армијата.

Одбраната на независноста и територијалниот интегритет на татковината е еден од фундаменталните белези на македонската државност.

Македонската армија е современиот гарант на нашата безбедност, стожерот и бедемот на нашата целовитост, креаторот на нашиот мир и чуварот на слободниот и мирен сон на граѓаните.

Нашата армија е наша гордост, особено денес кога чекори рамо до рамо со најразвиените армии во Европа и светот. Нека биде така за вечни времиња.

Нека ни е честит и вековит 18 Август – Денот на Армијата.

By Ѓ. K.