• Sat. Nov 23rd, 2024

Црвениот крст од Струмица подготвен за прием на бездомни лица

Осум бездомни лица може да пренокуваат во прифатниот центар во Струмица. Од Црвениот крст каде што се сместени контењерите, велат дека завршуваат со сите подготовки и прилагодувања за да им дадат кревет на евентуално бездомните лица.

Според Јанков, досега немале пријавено ниту едно лице кое побарало да преноќи. Велат дека лицата треба да се пријават до Меѓуопштинскиот центар за социјални работи за да добијат решение за прием.

Пред еден месец Струмица го доби првото интервентно пресотувалиште за бездомни лица. Двата контењери сместени во дворот на Црвениот крст во Струмица се опремени и набавени во соработка со министерството за труд и социјална политика.

Министерството за труд и социјална политика, отвори уште два интервентни центри во Битола и во Струга, а ги прошири у постоечките капацитети во центарот „Момин поток“ во Скопје. Во овие центри бездомните лица ќе може да ја поминат ноќта на топло и безбедно место, да добијат оброк и психолошка и медицинска поддршка, најави министерката Мила Царовска.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *