Општинската организација на Црвен крст Струмица, од 15 до 21 април 2024 година успешно ја спроведе Неделата на солидарност под мотото “Вашиот прилог- Значајна помош“.
Беа поделени флаери на нашите граѓани за цел да се подигне свеста на населението за потребната меѓусебна поддршка.
Беа собрани 45 кг. храна и 120 кг. облека кои ќе бидат дистрибуирани до семејства во социјален ризик.
Од Црвен крст им се заблагодарија на сите хумани луѓе кои се вклучија во акцијата.