• Sat. Nov 23rd, 2024

Црвен крст и Доброволното противпожарно друштво Струмица потпишаа меморандум за соработка

ByЃ. K.

Apr 30, 2024

Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска Организација Струмица и Доброволното противпожарно друштво Струмица (ДПД Струмица) на ден 29.4.2024 година во Струмица потпишаа меморандум за соработка.

Со потпишување на овој меморандум двете страни ќе се фокусира во делот на подготовка и имплементација на програми за превентивна, директна заштита и спасување на населението на општините Струмица, Босилово, Василево и Ново Село од пожари, поплави, останати елементарни непогоди (ерозија на земјиште, земјотреси и др), како и едукативни превентивни мерки за заштита и спасување при елементарни непогоди и катастрофи.

Овој меморандум ќе биде од помош и од интерес пред сè на граѓаните од Општините Струмица, Босилово, Василево и Ново Село делувајќи заедно за активностите кои ги засегаат двете страни и општеството.

By Ѓ. K.