Центарот за поддршка на лица со интелектуална попреченост ПОРАКА – Струмица (ЦПЛИП ПОРАКА – Струмица) започна со реализација на проект финансиран од Општина Струмица преку V2 Програмата за социјална заштита – Трансфер до НВО за 2017 г. Проектот е со наслов: „Учиме да готвиме и стекнуваме здрави животни навики“.
Главната цел на проектот е развој на вештини кај лицата со интелектуална попреченост за оформување здрави животни навики, преку стекнување знаења и вештини за подготовка на храна, вештини за организација, договарање, поделба на задачи и координација.
Вкупниот добиен грант од Општина Струмица изнесува 126.000 денари.