Алексис Ципрас му ја предаде функцијата на својот наследник, Кирјакос Мицотакис, јавува МИА.
Досегашниот премиер на Грција уште вчера, откако стана јасно дека ги изгуби изборите му ја честиташе победата на Мицотакис. Новиот премиер положи свечена заклетва во претседателската палата во присуство на семејството и претседателот на Грција, Прокопис Павлопулос.