• Fri. Nov 22nd, 2024

Цената на нафтата падна, доларот зајакна

ByЃ. K.

Jul 6, 2023

На пазарите на валути се зголеми вредноста на доларот во однос на кошничката на валути.

Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути се движи околу 103,38 поени, додека вчера во ова време изнесуваше 103,02 поени.

Американската валута зајакна во однос на европската, па цената на еврото се лизна на 1,0845 долари, додека вчера во ова време беше 1,0885 долари.

Цените на нафтата, од друга страна, паднаа. Цената на барелот на лондонскиот пазар утрово се лизна за 0,37 отсто, на 76,35 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот се намали за 0,17 отсто, на 71,65 долари.

By Ѓ. K.