Правните и физичките лица од Струмица кои користат гас за загревање, од овој месец ќе плаќаат сметки повисоки за речиси 90 отсто. Наместо 46,5 денари за кубен метар како што беше минатата година, сега крајните корисници ќе плаќаат по 80,4 денари за потрошен кубен метар. Веста ја потврди и директорот на ЈП Струмица Гас Благој Милановиќ кој соопшти дека зголемувањето на цената е резултат на енергетската криза и зголемените цени на пазарот и дека имат обезбедено доволни количини на компресиран гас
Општина Струмица ова година одлучи да ја субвенционира цената на гасот за домакиснтвата во висина од 10 денари. За ова намена општината во Буџетот има издвоено околу 3 милиони денари.