• Fri. Nov 22nd, 2024

Царовска утре ќе се сретне со родителите на учениците кои ја бојкотираат наставата

Неформалната група родителите кои се против воведување дигитални ученици в четврток ќе се сретнат со министерката за образование и наука, Мила Царовска

Како што информираше Драгана Спасовска, претставник на родителите.Средбата е на иницијатива на групата родители кои во изминатите недела дена своите деца ги држеа надвор од наставата во училиштата.

Бојкот на наставата како форма на незадоволство од работењето и постапките на министерството, останува како официјален став на групата и продолжува се до завршувањето на работната средба, се вели во информацијата објавена во групата „учебници и настава мора да има“.

Освен во училиштата за средно образование училиштата бележат и поединечни отсуства и во основното образование. Од министерството за образование ,пак, со спротивни тврдења. Нема бојкот на наставата туку поединечни отсуства.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *