Министерката за образование и наука Мила Царовска и наставниците од основните училишта во државата на онлајн-состанок разговараа за новата концепција за основно образование, соопшти МОН.
Министерката истакна дека со реформите кои ќе почнат од идната учебна година се унапредува образовниот модел согласно со препораките на релевантни меѓунарoдни институции и организации и се воведува современо европско образование.
– Не укинуваме ниту една научна дисциплина, затоа што се стремиме да направиме квалитетно образование во кое нашите ученици ќе се стекнуваат со сите знаења вклучувајќи ја и историјата, рече Царовска.
Министерката истакна дека наставниците нема да изгубат работа, туку напротив се работи на зајакнување на кадарот затоа што со реформата се отвораат можности за напредок.
– Наставниците ќе добијат поголема автономија во осмислување и реализација на часовите, како и поголема поддршка од системот. Ова е една од моите клучни заложби кои ќе ја подигнат мотивацијата на наставниците и квалитетот на наставата. Оттаму, колку што реформата ќе биде придобивка за учениците, токму таа е придобивка и за наставниците и образовните работници, рече Царовска.
МОН информира дека во следниот период ќе продолжат консултативните состаноци со сите вклучени страни за целосно новата концепција за основно образование.
извор: https://kajgana.com/carovska-nastavnicite-nema-da-ostanat-bez-rabota-ke-dobijat-pogolema-avtonomija