Хуманитарна акција на Црвен Ксрт Струмица
о рамки на одбележувањето на традиционалната „Недела на солидарност“ ОО Црвен крст Струмица организира собирна акција на 20.04 (среда) и 21.04 (четврток) со поставување штанд пред Тинекс маркет Струмица
Хуманите граѓани ќе можат да донираат храна, облека, обувки и средства за хигиена и истите ќе бидат наменети за помош на семејства соочени со одреден социјален ризик.
Од Црвениот Крст порачуваат дека треба да ја подигнеме свеста кај населението за потребната меѓусебна поддршка и да обезбедиме помош за најранливите категории на население.