Хрватскиот министер за одбрана Марио Баножиќ утрово доживеа сообраќајна несреќа во која едно лице загина, пишува Index.hr. Возел возило кое се судрило со комбе, а возачот на комбето загинал, дознава хрватски Телеграм.
Како што потврди сменоводителот на полициската управа Вуковар-Срем, Фабијан Капулар, несреќата се случила во 6 часот и 15 минути, на излезот од Винковци во правец кон Жупања.
ПУ Вуковар-Сремска објави соопштение за несреќата.
„Утрово во 6 часот и 15 минути е пријавена за сообраќајна незгода на државниот пат ДЦ-55 на излез од Винковци кон Жупања, во која учествувале комбе и приватно возило. Возачот на комбето загинал во сообраќајна незгода, додека возачот на приватното возило (државен службеник), поради здобиените повреди е пренесен во Жупаниската општа болница Винковци“, наведуваат оттаму.
„Во тек е истрага, предводена од заменик на жупаниското државно правобранителство во Вуковар. Од 08:15 часот тој дел од државниот пат број ДЦ-55 (Винковци-Жупања) е затворен за сообраќај“, додаваат од полицијата.