• Sat. Nov 23rd, 2024

Холандски уметници нацртале гигантска библиотека на станбена зграда со омилените книги на станарите

Додека голем број улични уметници ги одбираат напуштените згради и старите железнички пруги како платна за нивните експлозивни ремек-дела, холандскиот уличен уметник Јан Ис Де Ман избира друг начин – реализирајќи живи дела за локалните заедници кои сакаат да се поврзат. Неговата цел е да создаде проекти “каде што секој може да се идентификува” со барање за вклучување и на жителите кои го овластуваат да го црта просторот што го одбрал.

Најновиот дар на Јан Ис Де Ман во едно соседство претставува необично дело – ѕид со книги на три нивоа на една станбена зграда во Утрехт, Холандија. На уметникот му помагаше колега, исто така уличен уметник Деф Фид, кој работел на неколку други мурали со него и со кого е ко-сопственик на нивното студио за тетовирање “Црнса книга на тетоважите” во центарот на Утрехт.

Локацијата за муралот дојде пред концептот на истиот, изјавил Јан Ис Де Ман. „Добро ги познавам луѓето кои живеат на приземјето. Тие посакуваа да им нацртам мурал, но, исто така, ми дадоа слобода да го осмислам дизајнот. Условот беше тоа да биде нешто позитивно за целото соседство. Првата идеја беше да се насликаат смешковци. Многу голема смешка. Затоа што верувам дека луѓето стануваат посреќни кога секојдневно гледаат смајли. Но, оваа идеја не се изгледаше комплетна, ниту оригинална, ми беше премногу едноставна”.

Откако го проучувал своето „платно“, ја добил идејата за муралот “l’oeil” – “визуелна илузија во уметноста, особено кога се користи за да се измами окото за да се согледаат насликани детали како тридимензионален објект”. Тој рече: “Го проучував обликот на куќата и локацијата каде што стои оваа куќа и одеднаш идејата за создавање огромна библиотека ме удри. Сакам да правам илузии на ѕидови и сакам да ги видам насмевките на лицата на луѓето и оваа идеја чинам дека го постигна сето ова.

Дел од концептот беше да се вклучат жителите во уметничкиот процес: “Влеговме во заедницата со тоа што ги прашувавме луѓето за нивните омилени книги и можевме да ставиме 8 јазици и култури заедно во истиот концепт. Сите, секој век, секоја култура, секој јазик беа добредојдени. Единственото правило кое го поставив да учествувам во овој уметнички проект беше: Нема политички книги и никакви верски книги. Освен тоа, секој наслов на книга беше добредојден “.

Потребна била една недела со полно работно време за Јан Ис Де Ман и Деф Фид да ја реализираат идејата од хартија до ѕидот на станбената зграда. Уметниците рекле дека најтешкиот дел е иницијалното планирање на концептот “, мислам дека поголемиот дел од времето се троши да се добие вистинскиот концепт, кој одговара на ѕидот, кој одговара на соседството. Но кога ќе ја добиете вистинската идеја, тогаш не е многу тешко“.

Тие успеаја да го доловат духот на жителите и уметниците со низа од нивните омилени книги. На прашањето кои би биле нивни омилени наслови на гигантската полица, Ис Де Ман одговорил: -Навистина го сакам  „Љубопитен инцидент на кучето во ноќните часови“ од Марк Хадон, и, секако Плејбој.

Бидејќи муралот е откриен, тој не само што стана уметнички извор за да ги доближи соседите, туку привлекува и луѓе кои застануваат за да си направат „литературно селфи.“ Соседството каде што е направено ова дело е исполнето со различни култури. И јас забележав дека овој проект донесе нешто добро (и се надевам дека додека трае) луѓето ќе се држат заедно. Тие се запознаваат меѓусебно преку книгите. Без разлика на разликите во културите, без оглед на разликите во политичката гледна точка. Без оглед на тоа што некој е екстремно десна или екстремно лево “.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *