Академија Пандев ја забележаа првата победа во Втората фудбалска лига на Македонија. Попладнево на стадионот Младост во Струмица ,, пандевци,, со головите на Зоран Балдовалиев го надиграа Влазерими со 3:0. Своето голгетерско шоу Балдовалиев го најави во 35 минута по што домакините со резултат од 1:0 заминаа на одмор. Искусниот ,,Балдо,, ефикасен беше и во 60 тата и во 68 мата минута за високи 3:0. Академија Пандев во првото коло ремизираше со Вардар во Неготино и со 4 бода по две кола е на втората позиција.
Хоризонт Турново дуелот со Тетекс ќе го одигра во вторник