Транзитниот центар Винојуг во Гевгелија и понатаму има бегалци кои останаа тука по затворањето на балканската бегалска рута. До петти јуни, во центарот имало 141 бегалец а потоа тој број се намалил на 137, со оглед на тоа што неколку бегалци се преместени во Прифатниот центар за баратели на азил- Визбегово. Бегалците се жалат на високите температури во кампот. Клима уреди се поставени само во еден дел од контејнерите, т.е. куќарките во кампот, по приоритет каде што престојуваат мали деца. Во текот на изминатите денови секој од бегалците во центарот Винојуг добил и специјално израбтена картичка со бар код за храна и хуманитарна помош, и картички кои ќе им служат за идентификација, а содржат нивни податоци (име и презиме, фотографија, земја на потекло/доаѓање, дата на раѓање и дата на издавање). На картичките е назначено дека лицето е „Привремено сместен/а во Привремен- прифатен транзитен центар Винојуг, Гевгелија“.
Вкупно 72 бегалци кои се затекнати по нелегални патишта од страна на полицијата се пренесени кон грчка страна. Во текот на седмицата се отпуштени сите лица хигиеничари. Поради тоа, забележано е намалување на нивото на хигиената во тоалетите. Народниот правобранител на Република Македонија од пред извесно време започна да остварува редовни неделни посети во кампот. Така, на 31.05.2016, претставници на Народниот правобранител остварија посета во кампот Винојуг, Гевгелија. Во текот на седмицата, 19 бегалци кои се изјаснија дека сакаат да побараат азил во Република Македонија, беа пренесени во Прифатниот центар за баратели на азил во Визбегово. Земајќи во предвид претходните попречувања на правото да се побара азил.