• Mon. Nov 25th, 2024

ФФМ треба да ја казни Шкендија а мечот службено да го добие А. Пандев, оти правилата се јасни- младинец мора да игра, тврдаат фудбалските работници

ByВане Трајков

Feb 28, 2018

ФФМ до петок треба да се изјасни за жалбата на Академија Пандев за дуелот во Тетово против Шкендија каде домаќините цели 15 минути на терен играа без младинец.  Пропозициите за натпреварување во Првата лига се јасни коментираат фудбалските работници кои сметат дека Шкендија за неиграњето младинец во првото полувреме треба да биде казнета а натпреварот да се регистрира службено во корист на Академијата оти вакви казни имало и за други клубови.

,,Правилникот е јасен – Сите клубови учесници во Првата лига, првото полувреме мора да го започнат и да го завршат со еден фудбалер кој нема наполнето 21 година,, Ова значи дека во првото полувреме, екипата постојано треба да игра со младинец, оти ако поинаку се толкува правилникот,  дуелот може да го започнат со младинец и веднаш во првите минути да биде повлечен за да на крајот од првите 45 минути повторно да внесат младинец.,, коментираа за ВИС СПОРТ фудбалски работници

Тетовска Шкендија по исклучувањето на Фазлагиќ во неделата  очигледно  ,, заборави,,, на ова правило и се до 36 тата минута не внесе нов младинец во своите редови со што е прекршен правилникот и пропизициите на ФФМ а на што Академија Пандев реагираше дека мора да се почитуваат правилата што ги воведе фудбалската куќа на Македонија

,,Откако Фазлагиќ беше исклучен поради стартот на 18 метри со кој спречи гол-шанса за струмичани, стручниот штаб на Шкендија мораше експресно да реагира. Како што секојпат би реагирале експресно со замена во случај да останат без клучен фудбалер на одредена позиција. Но, тоа не се случи. Црвено-црните не ни имале во план да прават замена се до моментот додека некој не им – „шепнал“ дека го кршат правилото за младинец. ,, пишува порталот Спорт1

ФФМ за ваков случај есента го казни Тиквеш од Кавадарци и сите фудбалски работници сметаат дека Шкендија мора да биде казнета. Според дисциплинскиот правилник Шкендија се соочува и со одземање на три бода поради прекршување на дисциплинскиот правилник, како и парична казна а притоа исходот од неделниот меч да биде во корист на струмичкиот прволигаш службено

Академија Пандев има право да бара административна победа, пред се заради почитување на правилникот и пропозициите за натпреварување од  секој клуб наложени од ФФМ.   „Клуб се казнува по жалба затоа што започнала или играла меч со помалку млади фудбалери од пропишаниот број според пропозициите за соодветното натпреварување“ стои во десеттата точка од членот 100 во правилникот за натпревари

ФФМ е на потег и доколку биде казента Шкендија со минус три бода  кои би легнале на салдото на Академија Пандев, битката за титулата во македонскиот шампионат би била поинтересна а за ,,пандевци,, од Струмица се враќа можноста со добра игра и резултати да излезат во Европа

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *