Учениците кои членуваат во Научно ученичкиот клуб при Сандо Масев-Струмица, под раководство на професорот по математика м-р Гордана Андонова, интензивно работат на проектот насловен како МАНДАЛА. Ученици од 6 одделение изработуваат уметнички фигри со помош на геметриски операции а користат потрошени цедиња бои и декоративни елементи
Учениците самостојно или во група, на директен и непосреден начин ги осознаваат врските и својствата на геометриските движења при што ги имплементираат веќе стекнатите знаења, за изработка нешто ново, вели професорката Андонова
Ова е 4 ти по ред проект кој наставничката Гордана Андонова заедно со ученици го реализира во предметна настава, согласно програмата Кембриџ, за учење математика преку проекти или таканаречено проектно учење математика.