Струмичанецот Витан Витанов, член на КБК ,, ТимЗоран,, од Струмица и член на македонската репрезентација ја освои бронзата на Европското кикбоскерско првенство за јуниори што се одржа во Скопје. Малку недостасуваше Витанов да се најде во финалето но не го посака среќата да се бори за титулата европски првак откако на патот во полуфиналето му се најде рускиот преставник кој потоа се најде на тронот.
Витанов бронзата ја освои во дисциплината лоу киг во категоријата над 81 килограм.
Витанов е надежен кикбоксер и зад себе има забележителни резултати на домашната сцена. На европското кикбоксерско во Скопје тој се покажа како незгоден борец.
На 17 ноември Витанов заминува во Норвешка за уште еден силен меѓународен кикбоксерски турнир