• Fri. Nov 22nd, 2024

ФОТО – Средношколците на Димитар Влахов најдобри по Прва помош, градоначалникот Јаневски им ги врачи пехарите

Учениците од ,,Димитар Влахов’’ на општинскиот натпревар по Прва помош во Струмица покажаа најдобри и најбрзи вештини за помош на лица во кризни ситуации кога е најпотребно покажувајки елементи на солидарност и хуманост. На натпреварот во градскиот парк, тие впрочем беа најдобри кај средношколците од Струмица со сите три екипи

Првото место го зеде тимот со членовите: Никола Гогов, Никола Наков, Верица Василева, Зорица Арабаџиева, Вероника Коцева и Кристина Гаштарска под менторство на професор Емилија Котеска која беше ментор и на останатите два тима кои го поделија второто место на општинскиот натпревар

Во останатите два тима  на СОУ ,,Димитар Влахов’’  членуваа :  Виолета Котеска, Николина Накова, Стефан Јанков, Марија Велкова, Живкица Копачева и Димитар Георгиев, Ивана Друбарова, Иван Горичев, Васили Јанев, Лилјана Димитриева, Кирил Зрлевски, Цветанка Пиндерова.

Сите тие денес беа во кабинетот на градоначалникот Коста Јаневски кои им ги врачи дипломите и пехарите а ги додели и на учениците кои беа најдобри во конкуренција на Основни училишта

Општинскиот натпревар по прва помош 2018 беше во организација на Црвениот крст од Струмица На истиот учествувааа 19 екипи од основните и средните училишта од Струмица, Босилово, Василево и Ново Село.

Врачувајќи им ги пехарите, градоначалникот Јаневски им го честита постигнатиот успех и потенцирајќи го задоволството од нивната желба да ги совладаат вештините по прва помош, рече дека секогаш ќе ја имаат неговата и поддршката од општина Струмица

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *