Синоќа, во Центарот за култура „Антон Панов“ во Струмица се одржа 6то издание на Фестивалот на детска песна „Јо-Јо“. На сцената на која доминираа елементи од градските сокаци, десет учесници, млади таленти, покажаа дека Струмица има музички таленти.
-Нашето мото е покрај песната и музиката, да ги вратиме старите навики кај децата. Маалската игра, без мобилни и лап-топи. Дружењето со игри кои ги зајакнуваат пријателствата и врските меѓу децата.
Фестивалот „Јо-Јо“ е можност и за музички креации на струмичките мајстори на тонот, текстот и аранжманот.
Светлосните и пиротехничките ефекти комбинирани со сценскиот настап и кореографија, а сето тоа надополнето со прекрасните детски композиции го направи ова 6то издание спектакл и вистинско уживања за преполната сала во Центарот за култура.