ОК Наковски волеј од Струмица и ОК Партизан од Белград-Србија ја официјализираа соработката со меморандум. Хари Наковски и Жељко Танасковиќ ставија потпис на меморандумот што ќе значи размена на искуства и можност за доусовршување на струмичките одбојкарки но и тренерите во одбојкарската велесила – Србија. Гостите од Белград на Хари Наковски му врачија вино со аблемот на ОК Партизан и истакнаа дека во секој поглед ќе соработуваат со струмичкиот клуб во чии редови имало млади надежни одбојкарки. Инаку девојките на двата тима одиграа и пријателски натпревар во кој славеа гостинките од Србија. Вториот меѓусебен натпревар ќе го играат во недела во 12,30 во салата при СОУ Димитар Влахов – каде ќе биде и првиот турнир во пионерскиот шампионат на Македонија