Градоначалникот на Општина Конче Благој Илиев заедно со Советот и здруженијата на граѓани „Зија Гокалп“ и „ Караџаоглан“ со пригодна програма по вторпат го одбележаа „Денот на наставата на Турски јазик“во ова локална самоуправа каде има и турско малцинство . На одбележувањето ученици од училиштата од ова општина кои следат настава на турски и македонски јазик имаа културно уметничка програма преку која го презентираа соживотот и негувањето на традиционалните културни вредности од своите заедници
На одбележувањето пред присутните во Домот на културата во Конче се обрати и првиот човек на општината Благој Илиев кој овој ден го посвети на наставниците по турски јазик како личности кои ги воспитуват и образуваат младите во вистински личности за промоција на сопствената општина