Најмладите на Баскет Академијата од Струмица го продолжија победоносниот од на Рода Купот во Бечеј Србија. Попладнево го совладаат составот на Нафтагас од Зрењанин Србија со 28:20 со што си ги зголемија шансите за висок пласман на овој интернационален турнир. Ова генерација млади кошаркари предводена од Петар Настев прикажале уште една одлична партија, во која имале постојано водство од 7 поени. Во финишот од средбата домаќините намалиле на разлика од 3 но благодарение на цврстата одбрана и сигурниот шут, младите струмичани не дозволиле резултатски пресврт и славеле со 8 поени разлика
Утре најмладите на Баскет Академија Струмица играат со словенскиот состав Нова горица кој исто така се без пораз. Со евентуална победа можат високо да се пласираат на овој турнир каде учествуваат 30 тина екипи од повеќе балкански држави.
Победи денеска забележаа и останатите два тима на БАС Струмица. Генерацијата 2003 предовдена од Антонио Иванов славеше против Пролетер Зрењанин и утре ке играат со Гросупље додека генерацијата 2000 славеа победа против екипата на Неос и утре ќе играат со Гросупље од Словенија и Кикинда од Србија