Фудбалерите на Беласица родени 2004 го освоија годинашново издание на Беласица КУП на кој учествуваа 8 екипи. Тие во финалето се сретнаа со надежите на Академија Пандев и во пенал рулетот славеа победа и го освоија трофејот од ова натпреварување. Во регуларниот дел Беласица – Академија Пандев заврши 1:1 но при изведување на пеналите подобри беа струмичките сино бели деца кои со 4:3 го освоија овој турнир
Во полуфиналето Беласица со 5:2 ги надигра Вардар од Неготино додека тимот на Академија Пандев по миролубивите 0:0 на пенали славеа со 6:5 против надежите на битолски Пелистер
На турнирот учествува вкупно 8 екипи кои беа поделени во две групи. Во групата 1 беа екипите на Беласица, Пелистер од Битола, Јанг тим од Струга и Фудбалската школа Кул од Скопје. Во ова група најдобри беа Беласица и ПЕлистер. Во Групата 2 беа екипите на Академија Пандев, Победа од Прилеп, Арсенал од Приштина и Вардар од Неготино во која пандевци и Вардар од Неготивно беа најдобри
Најдобар стрелец на турнирот беше од Беласица додека Мите Митев од Академија Пандев прогласен за најдобар играч а најдобар голман Филп Лазаров