• Fri. Nov 22nd, 2024

Фото – Мики Тодоров трет на кружните патеки ,,Скопје 2018’’ и ги освои првите европски бодови оти беа дел од ЦЕЗ

Струмичанецот Мики Тодоров од Дабиле со својот опел продолжува да изненадува на автотрките во земјава. На кружната трка во Скопје која што беше дел од домашниот шампионат а се бодуваше и во календарот на Централно Европската зона,  Тодоров го освои третото место во категоријата на возила над 2000 кубика

Ова значи дека Тодоров кој дебитираше ова сезона на автотрките во земјава ги освои и првите европски бодови. Тој кружната патека пред МРТВ и Скопски Саем во конкуренција на 12 возачи во својата категорија успеа да извози време од 33:11.002 доволно за трето место во својата категроија

Е1-2000

  1. Ненислав Петковиќ – АКК Никола Карев – 30:42.967
  2. Даниел Симиќ – АКК Никола Карев – 30:43.187
  3. Миле Тодоров – АКК Никола Карев – 33:11.002

Кружните трки беа во  организација на АКК Примо, а во соработка со Град Скопје, Агенција за млади и спорт и Автомобилистичка федерација на Македонија. Трката беше  дел од официјалниот календар на кружни патеки во домашниот шампионат и  се бодуваше и во календарот на ЦЕЗ (Централно Европска зона) а на истата  учествуваа 35 домашни и 10 странски натпреварувачи.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *