• Sat. Nov 23rd, 2024

Фото: Медицинарите од Димитар Влахов хумани, опремија детско катче во струмичката болница

Учениците од здраствената струка при СОУУД „Димитар Влахов“ од Струмица опремија детско катче на детското одделение при струмичката болница. Станува збор за хумана акција која ја реализираа, ,,медицинарите,, од ова училиште на иницијатива и организација на професорката Емилија Котеска која беше подржана и од останатите професори од здравствените струки при ,,Димитар Влахов,, но и директорот на училиштетот  Димитар Ѓоргиев . Учениците од здравствените струки, донираа парични средства со кои беа набавени друштвени игри, играчки, боенки, табли со креди за пишување, лепенки со цел престојот на децата на детското одделение да биде попријатно. Мегу другото беаше донирана и постелнина со детски дезен за неколку кревети од оваа одделение при струмичката болница.

Учениците пак од фармацевтската струка при СОУУД ,, Димитар Влахов,,, изработија павловичева маст која беше донирана на одделенијата за педијатрија и одделот за неонатус во медицинскиот центар во Струмица. Акцијата која имаше хумнитарен карактер и се одржа по повод Денот на здравството, имаше за цел да се зајакне соработката мегу овие две институции но и да се помогне на пациентите кои престојуваат на детското одделение

12999708_1703839266530555_238958242_o 12999528_1703839326530549_1950293867_o  12986495_1703839379863877_804528783_o 12980723_1703839293197219_361665969_o

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *