Кикбоскерите од клубот ,,Тим Зоран,, од Струмица на Државното кикбоксерско првенство одржано во Штип се вратија дури со 12 освоени медали ( шест златни, четири сребрени и две бронзени) и докажаа дека се меѓу најдобрите во земјава во младинските категории.
Струмичкиот клуб под палка на Зоран Спасов даде дури дури шест нови шампиони во овој спорт. Витан Витанов, Даниел Делев, Филип Мицевски, Кристина Танева, Бранко Пандев и Александар Делиевски станаа државни кадетски и јуниорски прваци на Македонија откатко во своите конкуренции покажаа надмоќност во сите одржани борби.
Сребро на овој турнир освоија Ѓорги Пом Ефтимов, Горги Петров, АлксандарКоцев, Филип Грковски кои немаа многу среќа во финалните руди и малку недостасуваше и тие во своите категории да го понесат златото.
На Државното првенство во кик бокс за кадети и јуниори третото место или брозната ја понесoa Ивана Беџовска, Марио Поп Ефтимов исто така членови н КБК Тим Зоран од Стурмица