Дербито меѓу двете водечки екипи во женскиот одбојкарски шампионат го добија девојките од Наковски волеј кои со 3:2 во сетови му го нанесоа првиот пораз на лидерот Универзитет Тетово
Во полната сала при СОУ Димитар Влахов каде се навиваше од првиот до последниот сет, струмичанки се надминаа себе си и покажаа дека годинава нема да бидат обичен учесник во Првата лига туку дека имаат високи амбиции. Понесени од крилјата на подршката на присутните тие го шокираа фаворитот кој од Струмица заминува со освоен бод место планираните три
Против тетовскиот состав, избраничките на Хари Наковски одиграа фантастично иако во одредени моменти имаа осцилации. Универзитет Тетово се покажа како силен и незгоден противник но струмичанки го најдоа вистинското решение за четвртата победа дотолку голема и слатка што ја издвојуваа против непоразените тетовчанки
Првиот сет го добија гостинките со 25:19, возратија струмичанки со 25:17. На сцена повторно стапија гостинките предводени од албанката Шпенд и третиот сет го добија со 25:21. Но Наковски волеј не се предаваше. Преку Лазарова, Стојанова, Велинска, Милева, Делчева , Баџакова и Фасулева израмнија со 25:15 односно 2:2.
Наковски волеј преку Милева која имаше одличен сервис за 7:0 во петиот сет ја најавија победата. Гостинките се обидуваа да ја анулираат предноста но немаа сила. Ричлиева стави капак со нејзиниот сервис за конечни 15:12 за општа еуофрија во Димитар Влахов
Со ова четврта победа Наковски волеј останува во водечките три тима откако денеска на свој терен со 3:1 во сетови Виктори Волеј го надигра Планет од Скопје .Лидерки и понтаму се тетовчанки пред двата тима од Струмица Виктори и Наковски волеј.