Кадетите на РК Астраион на завршниот турнир во Прилеп каде зедоа учество најдобрите четири екипи од стие кадетски групи во Македонија, не се посрамотија. Беа на чекор да ја освојат бронзата откако во пенал рулетот беа поразени од скопски Вардар а малку недостасуваше да се најдат и во финалето за титулата.
Инаку во полуфиналето астраионци иако имаа водство против Прилеп сепак не го издржаа притисокот од домашната публика и на крај претрпеа пораз од 25:23 а на полувремето имаа преднос тод 5 гола 14:9.
Сепак дека Астраион има квалитет покажува и фактот што во идеалниот состав на завршниот турнир се најдоа имињата на Васил Гогов кој го избраа за најдобар голман бидејки во дуелот против Прилеп имаше 16 а против Вардар 23 одбрани. Славе Јанковски пак беше прогласен за најдобро лево крило. Против Прлеп имаше 6 погодоци а против Вардар 13.