Општина Ново Село ги поканува жителите на Општина Ново село да учествуваат на проектен форум кој се реализира во рамки на проектот „Зајакнување на општинските совети – 2“ кој е финансиран од Швајцарска агенција за развој и соработка (SDC), а спроведуван од УНДП (UNDP) и Општина Ново Село.
На форумските сесии присутните преку своето учество даваа предлози и учествуваа во подготовка на проекти и ги гласаа по приоритет за нивна реализација од проектниот фонд.
На петтата форумска сесија учесниците на форумот ќе имаат можност да се запознаат со постигнатите резултати и реализацијата на избраниот проект како и останатите проекти и препораките од форумот кои тие ги избраа за најприоритетни за реализација од проектниот фонд обезбеден од страна на Швајцарска агенција за развој и соработка (SDC) – Швајцарска амбасада и општина Ново село.
Петтата форумска сесија ќе се одржи на ден 26 Јануари 2024 година (Петок) со почеток во 12:00 часот во Општинската сала, во Општина Ново село.
Присуството на жителите, здруженијата на граѓани и претставниците на институциите, како и нивното активно учество на сесиите ќе даде голем придонес и ќе биде од особено значење за успешно спроведување на проектниот форум и изборот на проект/и, предложени и подржани од жителите на општина Ново село.