На барање на младите, Фондација Елеуса организира средба за неформален разговор за предизвиците, слободата и одговорноста на современото општество, на која говорници беа викарниот Епископ Стобиски г. Јаков и спец. д-р Петар Марков, абдоминален хирург.
„И во наредниот период ќе продолжиме со вакви тематски средби за да излеземе во пресрет на барањата на младите кои во модерното и динамично време во кое живееме бараат одговори на различни прашања кои им се наметнуваат како дилеми од секојдневието“, порачуваат од Фондација Елеуса.