Фондацијата Елеуса има за цел да им помага на луѓето на кои им е најпотребна помош. Поведени од големиот број на апели за помош, но и заинтересираноста на граѓаните да помогнат, Фондацијата организираше хуманитарен настан на кој ги претстави своите активности од годината што изминува.
На настанот присуствуваше и викарниот епископ Стобиски г. Јаков кој изјави дека во нашето опкружување нема гладен човек, а голем удел во тоа има токму Фондацијата Елеуса. Викарниот епископ Стобиски г. Јаков објаснувајќи ја етимологијата на зборот хуманост, односно човечност потенцираше и дека не постои човечност без стремеж кон вечноста.
Средбата со фондацијата Елеуса се одржа под мотото – „Да донесеме радост во повеќе домови“.