Во петок во строгиот центар на Струмица, Брера отвора Фан шоп кој ќе се ноаѓа на градскиот плоштад веднаш до Стоковната. Во продавницата која ќе биде отворена во 18 часот, може да се набават брендирани дресови, јакни, маици, шалови, приврзоци, шолји, пенкала како и многу други предмети со логото на Брера.
На настанот ќе биде присутен и претседателот на клубот Горан Пандев кој ќе се дружи со сите навивачи, симпатизери и граѓани кои ќе бидат присутни на свеченото отворање во периодот до 18 до 19 часот. Освен со Пандев посетителите ќе имаат можност да се дружат и со играчите и стручниот штаб на ФК Брера Струмица кој дефинитивно отвора нови страници во македонскиот фудбал.
Од Брера упатија покана за дружба до сите љубители на фудбалот, симпатизери и навивачи на клубот како и до сите граѓани во петок на први март со почеток во 18 часот.