Фудбалскиот клуб Беласица започна со подготовките за новата сезона во која ќе се натпреварува во Втората македонска фудбалска лига.
Фудбалерите на Беласица и нивниот нов тренер Васе Беќаров означија старт на подготовките за новата сезона во ВМФЛ. На првиот тренинг Беќаров на располагање имаше 25 фудбалери. Нивната цел е битка за местата кои водат во ПМФЛ.
Клубот најави и пет пријателски натпревари: против Дубочица (Србија), Симитли (Бугарија), Детонит, Силекс, Вардар Неготино.
Целта на Беласица ќе биде битка за местата кои водат во ПМФЛ.