На 14 мај Финска ќе ги отвори основните училишта, кои се затворени од 18 март поради пандемијата на коронавирусот, соопшти финската влада.
Финската премиерка Сана Марин изјави дека децата постепено ќе се вратат во училиштата и ќе поминат повеќе од две недели во нив бидејќи летниот распуст почнува на почетокот на јуни. Таа додаде дека средните и стручните училишта ќе продолжат со учењето од дома, пренесе Макфакс.
Во Финска, која брои речиси пет илјади заразени, има застој во ширењето на коронавирусот.
Земјата има значително помал број заразени од соседна Шведска, која има 20.302 пациенти, и Норвешка, во која има 7.680 заразени.