Во четврток, 5 октомври 2023 година во НУЦК „Антон Панов“ во Струмица премиерно ќе биде прикажан филмот „Света Петка – крст во пустината“ на Хаџи- Александар Ѓуровиќ, а е работен по бестселер романот „Петкана“ на Љиљана Хабјановиќ Ѓуровиќ.
-Филмот зборува за побожната девојка Параскева, која го напушта својот живот меѓу луѓето од Константинопол и тргнува кон Јорданската пустина, каде ги поминува следните 40 години од својот живот, борејќи се со искушенијата, гревовите и внатрешните демони. Филмската приказна ни го покажува нејзиниот пат од обична девојка до најсаканата и најпочитуваната светица на Православието.
Проекцијата на филмот е во организација на Елеуса Фондација, а ВЛЕЗОТ Е БЕСПЛАТЕН.