• Sat. Nov 23rd, 2024

Фајман: Меркел мора да се изјасни

By

Mar 15, 2016 #Свет

Австриската влада ја повика денеска Германија да го поддржи затварањето на балканската рута за бегалците.

„Ја повикувам германската канцеларка Ангела Меркел јасно да се изјасни“, порача австрискиот канцелар Вернер Фајман после седницата на владата.

Вицеканцеларот Рајнхолд Митерленер подвлече дека балканската рута мора да биде затворена.

Фајман од Германија очекува јасно да каже дека никој не може да бира каде ќе бара азил, бидејќи во спротивно и понатаму ќе постои силен притисок на балканската рута и пренасочување кон алтернативни рути.
Тој укажа дека се спремаат контроли на границата кон Италија, на преминот Бернер.
На бегалците мора да им биде јасно дека ќе мораат да прифатат и други понуди, укажувајќи на недоволната спремност на бегалците да ги прифатат понудите за релокација во Франција или Португалија.

Митерленер нагласи дека Германија ја има клучната улога и дека сега треба да се припреми решение за бегалската криза, бидејќи решението би било немоќно на лето кога ќе дојде до поголем налет на бегалци.

Фајман би го поддржал договорот со Турција за подобра заштита на границите, но истовремено порачува дека не смее да се попушти кога се во прашање исполнувањето на условите за визна либерализација и пристапните преговори.

By

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *