УЈП огласи за вработување- покрај квалификациите бараат и етничка припадност На последно објавените огласи за вработување на управата за јавни приходи, слободни се две позиции во Радовиш и во Струмица. Во Радовиш еден од условите за новата работна позиција е лицето да биде од турската етничка заедница, а во Струмица ,Македонец.
УЈП објави оглас за 40 нови вработувања, две работни позиции се предвидени во Радовиш и Струмица. Но УЈП вработувањата ги поделила по етничка припадност на кандидатите. Во подрачното одделение во Радовиш за вработување на работна позиција помлад асистент за даночно сметководство за физички лица при служба за даночно сметководство за физички лица се бара кандидатот да биде од турски етникум, додека пак за работната позиција Асистент за наплата на долгови, Служба за наплата на долгови, Одделение за наплата на долгови при регионална дирекција Струмица се бара кандидатот да биде македонец.
Најмногу кандидати се бараат за вработување во централната дирекција, за таму се бара кандидатите да се албанци, бошњаци, срби , роми. Само 4 ца од бараните 40 вработувања треба да се македонци.
Во описот на квалификациите кои треба да ги поседуваат кандидатите во напомена стои дека предвидени вработувања се согласно годишниот план на институцијата.
Условите наведени во огласот, кандидатите треба да ги исполнуваат во моментот на пријавувањето во електронска форма преку корисничкиот профил креиран на интернет страницата на Агенцијата за администрација.
Рокот за пријавување изнесува 15 дена, сметано од денот на објавувањето на огласот. По истекот на рокот за пријавување, огласот ќе биде отстранет од интернет страницата на Агенцијата.
Кандидатите се должни пријавата да ја пополнат во целост, прецизно и со точни податоци. Пријавените кандидати на јавниот оглас, ќе бидат известени за времето и местото на одржување на секоја следна фаза од постапката за селекција на административен службеник, на интернет страницата на Агeнцијата за администрација.