Управата за јавни приходи (УЈП) ги информира граѓаните дека во тек е доставувањето на пополнетата годишна даночна пријава за утврдување персонален данок на доход за 2018 година.
Лицата кои се регистрирани на системот „Е-персонален данок“ увид во даночните пријави може да извршат преку своите кориснички профили.
Крајниот рок за доставување на годишната даночна пријава за 2018 година од страна на УЈП до граѓаните е 30.4.2019 година.
Граѓаните имаат можност најдоцна до 31 мај да ја потврдат или коригираат пополнетата годишна даночна пријава.