• Wed. Nov 27th, 2024

Уште пет дена важат „замрзнатите“ цени на храната – владата размислува дали да ја продолжи

By

Jan 27, 2022

На пет денови пред да прекине важноста на одлуката со која под „мраз“ се ставија цените на неколку основни прехрамбени производи – од владата без одговор дали ќе ја продолжат или ќе интервенираат со други мерки. Дека е краткорочна мерка која не е добро да се продолжи алармираат и бизнисмените и експертите. Порачуваат да се размислува за други мерки како таа за интервенција од стоковите резерви.Според експертите, владата нема многу механизми за справувење со инфлацијата. Велат време е по примерот на другите земји да се вклучи Народната банка. Еден од инструментите е „ поскапување на парите“ односно раст на основната каматна стапка.Од Народната банка пак смируваат. Нема потреба од промена во основната стапка. Но има потреба од будно следење на состојбата.Владата „под мраз“ ги стави цените на лебот, шеќерот, брашното, маслото за јадење, млекото, свежото месо и сувомесни производи, сирењето и урдата. А потоа и на јајцата, оризот и тестенините. Одлуката ја донесе  на почетокот на минатиот месец, а важи до понеделник

извор:https://telma.com.mk/2022/01/26/%D1%83%D1%88%D1%82%D0%B5-%D0%BF%D0%B5%D1%82-%D0%B4%D0%B5%D0%BD%D0%B0-%D0%B2%D0%B0%D0%B6%D0%B0%D1%82-%D0%B7%D0%B0%D0%BC%D1%80%D0%B7%D0%BD%D0%B0%D1%82%D0%B8%D1%82%D0%B5-%D1%86%D0%B5/.

By

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *