• Sun. Nov 24th, 2024

Уште многу работа за еднаков третман на мигранти и етнички заедници

[et_pb_section admin_label=”section”][et_pb_row admin_label=”row”][et_pb_column type=”4_4″][et_pb_text admin_label=”Text” background_layout=”light” text_orientation=”left” text_font_size=”20″ text_font_size_last_edited=”on|” use_border_color=”off” border_color=”#ffffff” border_style=”solid”]

Бегалската криза со која се соочува Европа, е вистински тест за Европската унија колку навистина се грижи антидискриминацијата, велат од Институтот за човекови права. Во Македонија видливо е разочарувањето поради тоа што и во самата Европа бледнеат европските вредности, смета правникот Мирослав Драганов.
migrants-lesbos_3429322b
За замирањето на овие вредности и нетрпеливоста кон бегалците во голем дел придонесуваат порталите преку сензационалистичките објави, предупредува истражувачот Наталија Крстова. Честопати луѓето, па и големите медиуми нивните објави ги земаат како факти, иако зад нив најчесто нема име и презиме, вели таа.
На европските лидери им недостасува соработка за проблемот со мигрантите, посочуваат Словенците чии граници се едни од најоптоварените.
„Дефинитивно, медиумскиот пристап кон бегалците е екстремно проблематичен – многу ксенофобичен, и предизвикува собири на разни десничарски движења. Тие само ја прикажуваат сликата каква е всушност целата Европа. Исто така проблематичен е и пристапот кон решавањето на кризата, која сметам дека во голем степен е креирана.“
Грција треба што поскоро да се ослободи од мигрантите, но не преку балканската рута – порача претседателот Иванов од безбедносната конференција на ОБСЕ во Рим.
Австрискиот министер за надворешни работи Себастијан Курц, на Македонија и оддаде признание за уделот во регулирањето и контролирањето на мигрантската криза, и посочи дека неопходно е Европа да воспостави контрола врз надворешните граници.

[/et_pb_text][/et_pb_column][/et_pb_row][/et_pb_section]

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *