Ученичкиот парламент во ООУ „Сандо Масев“ се показен пример за единство, сплотеност и хуманост.
На нивна иницијатива, поддржана и од наставничкиот колектив, спроведена е хуманитарна акција преку која учениците набавија апарати за бела техника – еден шпорет и тостер за семејство кое го помага Фондација „Елеуса“, а другиот сет за помош на социјално загрозено семејство на нивни соученик.