• Sat. Nov 23rd, 2024

Учениците ќе се вратат во школо, протоколите се готови

Речиси се готови протоколите за враќање на сите ученици во училиштата во новата учебна година, кажа денеска министерот за здравство Венко Филипче. Тој смета дека ако ситуацијата со ковид-19 во септември биде како сега, учениците треба да се вратат во школите.

„Протоколите се скоро готови, има уште некои технички детали кои го работат работната група од Министерството за образование и наука (МОН) и епидемиолози од Комисијата за заразни болести. Се однесува на тоа ученици да се присутни 100 проценти, т. е целото одделение или клас. Мерките се однесуваат на тоа да нема мешање на различни класови, и мерки за дезинфекција“, кажа министерот по  панел-дискусијата на тема „Здравствени услуги по мерка на ранливите групи граѓани – како да се подобри системот врз основа на досегашното искуство“ во Музејот на современа уметност (МСУ).

Филипче кажа и дека како ќе стигне очекуваната од 600 илјади ковид вакцини, со нив ќе се вакцинираат и сите наставници. Од 30 илјади наставници, досега се вакцинирани 10 илјади, односно тие кои одеа на настава со физичко присуство и кои беа дел од полагањата на државната матура.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *