Денес се навршуваат 145 години од раѓањето на македонскиот револуционер, општественик и државник Димитар Влахов. По тој повод учениците и вработените во СОУУД „Димитар Влахов“, со пригоден говор и културно-уметничка програма, на достоинствен начин го одбележаа патрон празникот на училиштето.
На одбележувањето на патрон-празникот присуствуваа и членови на Советот на општина Струмица и претставници на Одделението за образование. Тие, од името на општина Струмица, положија свежо цвеќе пред бистата на Димитар Влахов.