Учениците и вработените во ООУ „Маршал Тито“ од Струмица денеска го одбележаа патрониот празник.
На одбележувањето присуствуваа дел од членовите на Советот на општина Струмица каде учениците изведоа богата програма.
На свеченоста беше откриена и спомен биста на патронот Јосип Броз Тито, изработена од академскиот ликовен уметник Митко Тошев, а обезбедена од Општина Струмица.